КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛА ОКУПАЦИЈАТА НА УКРАИНА? Русите планираат „аншлус“ во три фази (ВИДЕО)
Во првата фаза Русите би влегле на Донбас и Крим со војска, но и со артилерија, а целта би била да се обезбеди Јужна Украина до Одеса и регионот Придњестровје во Молдавија. Втората фаза би следела ако Украина не седне на преговарачката маса под притисокот. Тогаш би паднале градовите Харков и Полтова на исток. Третата фаза би била влез во Киев од две страни, но и улична битка со секој трет Украинец.
Додека големите сили преговараат да не се случи катастофалната окупација на Украина, Кремљ одамна има добро разработен план како би се одвивала една ваква операција. Според Њујорк Тајмс, ЦИА веќе ги прислушкувала руските служби, а тие планираат кратка војна во три фази. Влегување од југ, од исток и конечна окупација на Киев. По секоја фаза Украина би била принудена да преговара, а главната цел на Москва е федерализација на својот сосед.
Следното видео детално ги покажува чекорите на едно триделно војничко сценарио.
Војната би била кратка, затоа што Путин не смее да си дозволи повеќе Западот да ја вооружува Украина. Од сите оружја најпроблематични за Русија би биле дроновите кои Украина ги купи од Турција, а кои можат да ја збунат руската авијација. Дополнително, истражувањата велат дека секој трет Украинец би се борел во инвазијата и во крајната битка на градот Киев, што значи дека се потребни 325.000 руски војници за да има стабилна окупација, односно еден војник на 20 луѓе.
Украина во моментов има 145.000 војници и 300.000 ветерани на готовс. Следната слика ја покажува нејзината воена моќ.
Окупација на Одеса, Крим и јужните региони
Првата фаза од окупацијата ќе се одвива во јужна Украина. Руските тенкови и војници кои доаѓаат од Крим ќе го заземат крајбрежјето и ќе го опкружат градот Одеса. Во меѓувреме, руската амфибиска операција за слетување ќе ја отсече Украина од Црното Море, а истовремено ќе ги зајакне линиите за снабдување во Крим. Интересно е што шест руски амфибиски бродови веќе тргнаа од Балтичкото Море кон средината на јануари, упатувајќи се кон Атлантскиот океан, а се верува дека нивната дестинација е Црното Море.
Од Одеса, Русите би напредувале на север кон Придњестровје, сепаратистички регион поддржан од Русија, легално дел од Молдавија. Истовремено, руските специјални сили ќе се инфилтрираат во јужниот дел на реката Дњепар. Нивната мисија би била да ја попречат украинската логистика оди преку реката.
Штом јужна Украина ќе дојде под контрола на Русија, Кремљ ќе почне да диктира услови и ќе сака да ја седне Украина на преговарачката маса. Во спротивно, ќе се оди на втората фаза.
Окупација на Харков и Полтова од исток
Доаѓајќи од североисток, руската механизирана пешадија ќе го опколи вториот по големина украински град, Харков. Поддржана од воздухопловните сили, руската армија ќе напредува на Полтова. Харков и Полтова ќе бидат опколени, снабдувањето со гас и електрична енергија и храна ќе бидат прекинати неколку недели по опсадата. Градовите брзо би капутилирале без армијата воопшто да влезе во нив.
Русија тогаш пак би повикала да се седне на преговарачката маса. Во спротивно, ќе почнат плановие за преземање на Киев и западна Украина.
Киев ќе падне и од Запад и од Исток
За да заземат Киев Русите ќе мора да ја преминат реката Дњепар, но тоа ќе го направат од белоруската страна, а потоа ќе влезат во Украина, со дозвола на претседателот Лукашенко. Руските трупи ќе мора да го заобиколат регионот Чернобил, каде уште има радијација и прво да го преземат градот Коростин. Армијата ќе се подели на два контингенти од кои еден ќе оди на исток за да можат од две страни да го опколат Киев – од запад и од исток.
Но, Русите нема да влезат туку ќе чекаат пред Киев за да ја убедат Украина да капитилура. Во овој момент, веќе две третини од Украина би била под руска контрола.
Русија сака федерализација на Украина
Што би барала Русија на преговарачката маса по брзата војна? Федерализација на Украина по региони, каде секој регион сам ќе одлучува за себе. Така Киев ќе ја изгуби централната моќ, а Москва преќутно ќе ги присоедини регионите кои ќе ѝ се наклонети. Но, федерализација ќе значи крај на унитарна Украина, што би значело можна поделба и многу нови проблеми кои би довеле до цепење.
Како што се вели во самото видео, во војната можеш да бидеш убиен само еднаш, а во политиката стотици пати.
