КАФЕТО СЕ ГУСТИРА СО СААТИ, МАЧА СЕ ПИЕ ВЕДНАШ За максимална доза антиоксиданти, енергија и концентрација

Додека свареното кафе може да го промени вкусот после 30 минути, а после тој период имате уште околу четири часа пред маслата во кафето да се разградат, што резултира со полош вкус на напитокот кој сепак е добар за консумирање, мачата треба да се испие во неколку мали голтки, додека е топла и додека активните состојки не почнат да се таложат.

759

Најчесто, кога се седнува некаде на кафе, тоа значи дека пиењето кафе може да се оддолжи и на саат или два. Сеедно дали ќе испиеме едно или две, повеќето од нас знаат да го густираат кафето барем половина час.

И додека црното кафе е безбедно за консумирање и откако ќе отстои, иако нема да има ист вкус како кога е свежо сварено, кај нас релативно новиот популарен напиток, мача, треба да се испие што побргу, ако сакате да ги задржи здравствените придобивки за организмот.






Па така, кафето е препорачливо да го испиете во рок од половина час од варењето, а мачата – веднаш.

Што е мача?

Мача (matcha) е фин прав добиен од специјално одгледани и обработени листови од зелен чај. За разлика од обичниот зелен чај, каде што листовите се потопуваат во вода и потоа се фрлаат, со мача всушност го пиете целиот лист во прав, што значи и повеќе хранливи материи и антиоксиданти.

Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини