КАФЕНЦЕ ПРЕД ПОЈАДОК? Дали навистина не е добро да пиете кафе на гладно?
И покрај упорните совети на лаиците, научната заедница нема цврсти докази дека пиењето кафе на празен желудник е штетно. Всушност, консумирањето на кафе има ист ефект врз нашето тело без разлика дали го пиеме на гладно или после оброк. Важно е да го слушате своето тело кое ви испраќа јасни пораки ако нешто не му се допаѓа.
Ако сте од оние луѓе кои не можат да го започнат денот без својот миризлив ритуал, утринското кафе, веројатно сте чуле безброј пати дека пиењето кафе пред првиот утрински оброк не е препорачливо за вашиот желудник. Но, дали има вистина во ова и дали научната заедница се согласува со оваа теза, прочитајте подолу.
Зошто кафе?
Кафето е еден од најпопуларните пијалаци низ целиот свет, веднаш по водата. Покрај мирисот на првото утринско кафе, неговите придобивки се многубројни.
Денес, кофеинот е социјално најприфатениот стимуланс, кој има многу позитивни ефекти врз нашето тело. На пример, кофеинот нè прави повнимателни и фокусирани, а исто така може да го зголеми нивото на енергија. Покрај тоа, научните истражувања покажаа дека кафето може да ги подобри другите когнитивни функции како што се меморија, расположение, будност, но и да го скрати времето на реакција.
Повеќе за ова на „Арт кујна“.