КАФЕ? СО ЗАЧИНИ ИЛИ БЕЗ? Сте пробале ли да си го зачините вашето кафе?
И кафето може да се зачини и со тоа да му се даде некој поинтересен или дури и егзотичен вкус. На пример, додадете цимет, кардамом, морско оревче или ѓумбир
Од секогаш сум сакала да додавам во кафето разни нешта, од слатко од смокви, мелен ѓумбир, па до цимет и мед. Многумина коментираа дека не сум вистинска кафеџика зашто го расипувам вкусот на кафето. И точно, за да се почувствува вистинскиот вкус на кафето, најдобро е да се пие чисто. Ама и тоа знае да здодее. Затоа, одвреме навреме додадете си нешто поинакво во вашата шолја кафе. Мене ми беше омилен вкусот на кафе со слатко од зелени смокви. Смоквата си ја ставав во тацна, а слатката течност во кафето, наместо шеќер или мед. Подоцна, иако со ова почнав заради главоболката, кафето со лимон ми стана омилен вкус па често го пијам иако се чувствувам одлично. Често во кафето додавав и цимет.
Но постојат уште многу зачини кои можете да ги додадете во своето кафе и да добиете некој поинтересен или дури и егзотичен вкус.
Ако црното кафе ви е омилено, но сепак сакате да добиете малку поинаков вкус, видете како можете да го направите тоа на порталот „Арт кујна“.