КАФЕ-МУАБЕТ СО СТАВРОС ЛАМПРИНИДИС, „ДОКТОР“ ЗА КАФЕ „Пијам 20 – 30 кафиња дневно, но немам проблем со спиењето“
Додека Ставрос Лампринидис, еден од најпознатите баристи на светот ми го подава кафето во кое се чувствува сета негова љубов и страст кон најпопуларниот напиток на светот, знам дека би можела со часови да уживам во аромата и да слушам муабети за кафето, меѓу кои и оној дека, за него, етиопиското, кафето од Уганда или она од Панама, се многу подобри од извиканото „копи лувак“...
Еден од најпознатите баристи на светот, атинчанецот Ставрос Лампринидис, деновиве во Скопје го обучува македонскиот тим на баристи во новоотворениот локал „Еверест“, инаку еден од најголемите синџир ресторани за брза храна во Грција, со повеќе од 200 локали низ целата земја, но и во поширокиот регион.
Првпат е во Скопје и воопшто, во Македонија и иако, освен од хотелот во кој е сместен, до Веро центар, немал време за прошетки, тоа му е доволно за да може да каже дека му се допаѓа.
„Местата се направени од луѓето и ако се луѓето пријатни и местото ќе биде такво“, вели тој. За тоа дека му е пријатно во средината во која се наоѓа, доволно зборува и неговиот однос со младиот тим во „Еверест“ со кој се соживеал целосно за само неколку дена.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.