КАДЕ СЕ ПИЈАТ НАЈДОБРОТО КАФЕ И ЛИМОНАДА ВО ОХРИД, ПО ПРИСТОЈНИ ЦЕНИ? Најдовме малечко слатко кафуле со голема душа

Дали ќе го земете со себе или пак ќе седнете меѓу другите гости кои во ова мало кафуле во Охрид го пијат првото утринско кафе, сеедно, ќе добиете навистина добро кафе, онакво со кое денот може само на убаво да тргне. Па дури и ако сте од оние, „скопјанчиштата“… А и цените се пристојни… и тоа не само како за „охриѓаништана“…

340

Кога е нешто убаво и со душа, некако се намирисува од далеку. Ние го здогледавме или можеби и буквално го намирисавме кафето што се правеше таму, уште пред да ја поминеме улицата. Мислам на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Се разбира, беше утро и ни требаше кафе, првото утринско. А ако не ви се погоди првото кафе, се знае, некако се чувствувате лошо, како да не ви тргнал ни денот. И потоа навистина не тргнува, сѐ нешто наопаку ви оди.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини