КАДЕ ОДАТ УМРЕНИТЕ? Како да зборувате со децата за смртта
Не е невообичаено децата да поставуваат прашања за смртта. За многу од нив концептот на смртта е збунувачки. Но, со оглед на тоа што се ослободуваме од стравовите зборувајќи за нив. креирањeто на атмосфера во која ќе може да се разговара за смртта како и за сите други теми е од голема важност за децата од било која возраст, особено за децата кои сѐ уште не го разбираат во потполност концептот на смртноста.
Смртта е дел од животот, но сепак е непријатна тема за разговор и е сѐ уште е една од најголемите табу теми, избегнувана во светот на возрасните и во секојдневното живеење. Имајќи го ова на ум, честопати може да се најдеме збунети кога децата ќе ни постават прашање за смртта и неподготвени да им ја пренесеме оваа реалност која е дел од животниот циклус.
Не е невообичаено децата да поставуваат прашања за смртта. За многу од нив концептот на смртта е збунувачки и вообичаено немаат доволно вокабулар да го изразат она што го чувствуваат. За нив смртта е привремена, повратна и потребно им е да ги повторуваат прашањата во нивниот обид да ја разберат смртта и да се чуствуваат безбедно во овој процес.
Се ослободуваме од стравовите зборувајќи за нив. Креирањeто на атмосфера во која ќе може да се разговара за смртта како и за сите други теми е од голема важност за децата од било која возраст, особено за децата кои сѐ уште не го разбираат во потполност концептот на смртност.
Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.