🎥 КАДЕ АКО НЕ ВО ДУБАИ? Летечко такси ќе ве носи на аеродром за 10 минути

Времето на патување меѓу аеродромот и Палм Џумеира, коешто со автомобил трае 45 минути, ќе се намали на 10 минути со летечко такси. Летечкото такси има предност и поради нултата емисија на издувни гасови.

452

Обединетите Арапски Емирати вчера потпишаа договор за првата услуга за летечко такси до 2026 година. Дубаи ќе стане првиот град во светот којшто ќе нуди комерцијално електрично летечко такси, соопштија властите.

Такси леталото се вика „Џоби евиејшн С-4“ (Joby Aviation S4) и има капацитет за еден пилот и четворица патници. Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе биде достапно во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, центарот на градот и неколку други важни делови во градот. Времето на патување меѓу аеродромот и Палм Џумеира, коешто со автомобил трае 45 минути, ќе се намали на 10 минути со летечко такси. Летечкото такси има предност и поради нултата емисија на издувни гасови.

 






Поврзани содржини