КАЈ ЖЕНИТЕ Е ПОЧЕСТО, КАЈ МАЖИТЕ – ПОФАТАЛНО Мажите умираат од синдром на скршено срце двојно почесто од жените
Нова студија од истражувачи на Универзитетот во Аризона испитувала податоци за речиси двесте илјади пациенти во САД и открила дека синдромот на скршено срце е во пораст, почесто ги погодува жените, но е пофатален за мажите – смртта е повеќе од двојно поверојатна кај мажите.
Скршеното срце многу боли и сите го знаеме тоа. Безброј книги, песни и филмови се напишани и снимени на оваа тема, но постојат и научни докази дека скршеното срце исто така може да биде кобно и за здравјето.
Не е секој случај на синдром на скршено срце предизвикан од прекин на врска, но јасно е дека губењето на некој што го сакаме има повеќекратни последици врз нашето физичко и ментално здравје и дека срцето понекогаш може да го преземе најголемиот дел од стресот.
Медицински, се нарекува Такотсубо кардиомиопатија (синдром Такотсубо, стресна кардиомиопатија) и се карактеризира со состојба на слабеење на срцето предизвикано од физички или емоционален стрес.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.