📽 КАЈ ПУТИН НА ЦЕЛОСНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА Снимка покажува зошто Ким не му верува на својот руски колега

Прво, човек во бели ракавици и темен костум го бришеше црниот стол со бела крпа. Тој ги исчисти и потпирачите за раце. Зад него, уште двајца членови на обезбедувањето на Ким ги држеа средствата за чистење.

5,330

Ким Џонг Ун, претседателот на Северна Кореја му наредил на своето обезбедување детално да го провери столчето на кое седел на вчерашната средба со својот руски колега, Владимир Путин. Снимка на социјалните мрежи покажа какви ригорозни проверки вршат луѓето на Ким, кој очигледно не му верува на Путин.

Прво, човек во бели ракавици и темен костум го бришеше црниот стол со бела крпа. Тој ги исчисти и потпирачите за раце. Зад него, уште двајца членови на обезбедувањето на Ким ги држеа средствата за чистење.






Потоа, друг службеник тестираше дали столчето е доволно цврсто да ја издржи тежината на Ким. Откако тоа заврши, првиот човек го скенираше столчето со направа која изгледаше као мал детектор за метал.

 

За сето ова време, трет службеник се чинеше дека ги насочува мажите додека ја тестираа тежината на столчето.

Еден службеник, кој изгледа беше од обезебдувањето на Путин, внимателно гледаше. Службениците на Ким не дозволија тој да биде последниот близу столчето пред да седне нивниот претседател.

Изгледа Ким Џонг Ун не остави ништо на случајноста. После се, познато е дека руски агенти и опозициски лидери настрадаа од нервните гасови Новичок и Полониум 210, меѓу кои беше случајот со Сергеј Скрипал во Велика Британија и со Александар Навални – лидерот на руската опозиција.

На ТикТок осамнаа неколку видеа кои покажуваат дека обезбедувањето на Ким од самото излегување на претседателот од неговиот зелен блиндиран воз прави дезинфекции

 

@coollady_555 #kimjongun #prikollar #prikoluz ♬ Neon Blade(DJ版) (安小飞 Remix) – 安小飞

Поврзани содржини