ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО КАЖУВА СÈ На Брнабиќ не ѝ е лесно во Берлин
На фотографиите, проследени од нејзиниот кабинет до српските медиуми , ја има и Брнабиќ во друштво со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој не изгледа многу порасположен.
Српската премиерка Ана Брнабиќ деновиве престојува во Германија на Самитот на Берлинскиот процес, каде се присутни германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и лидерите на Шест од Западен Балкан.
Судејќи по фотографиите на Брнабиќ, би се рекло дека средбите воопшто не се лесни, туку дека на маса има тешки теми. Како што најавија претходно некои медиуми, во рамките на Самитот од Србија ќе се бара да ја признае независнотоста на Косово, но и да воведе санкции против Русија.
Денеска, покрај потпишувањето на одредени договори со државите од регионот, Брнабиќ зборува на три работни сесии а има средби со бројни светски политичари, стопанственици и активисти. На фотографиите, проследени од нејзиниот кабинет до српските медиуми , ја има и Брнабиќ во друштво со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој не изгледа многу порасположен.