📷 ИЗРАЕЛ ПЛАНИРА ПРОГОН НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ПОЈАСОТ ГАЗА Објавен таен документ за израелските планови по војната

Во документот изготвен од израелската разузнавачка служба на 13 октомври, се планира преместување на цивилното население од Газа во градови со шатори во северен Синај на територијата на Египет и евентуална изградба на постојани градови во „стерилна“ тампон зона подалеку од границата со Израел.

864

Во документ составен од Израелскиот институт за национална безбедност и одобрен од Министерството за разузнавање, се препорачува преместување на цивилното население од Газа на египетскиот Синајски Полуостров како решение за Појасот по соборувањето на Хамас. Копија од доверливиот документ е објавена на веб-страницата Сича Мекомит.

По објавата, владините претставници го минимизираа документот, а од Кабинетот на израелскиот премиер за Хаарец изјавија дека документот ги претставува „почетните размислувања“ за прашањето за Појасот Газа по соборувањето на Хамас.






Документот, кој е создаден на 13 октомври, повикува на преместување на цивилното население во градови со шатори во северен Синај и евентуална изградба на постојани градови и отворање на хуманитарен коридор. Планот вклучува „стерилна“ тампон зона во внатрешноста на територијата на Египет широка неколку километри за да се осигура дека населението не може да се насели во близина на израелската граница.

Во планот се наведени веројатни проблеми со меѓународното прифаќање на таквиот потег, но потегот е оправдан со тоа што се толкува како решение за бегалското население кое бара засолниште од војната. Се тврди дека таков принуден трансфер би послужил и како предупредување за Хезболах.

Документот вклучува и две други опции – првата е да се дозволи палестинската управа, која сега контролира делови од Западниот Брег, да владее со Газа, а втората да го поддржи локалниот режим, но и двете опции се отфрлаат како проблематични поради повеќе причини, вклучително и фактот дека тие нема да послужат за одвраќање на напади врз Израел.

Египет одби да ги прими Палестинците кои бегаат од израелската офанзива во Газа.

Поврзани содржини