ИЗБУВНА НАЈВИСОКИОТ ЕВРОПСКИ ВУЛКАН Етна се распали над Сицилија (ВИДЕО)
Вулканот исфрли пепел и облаци од чад на осум километри високо во небото, објави италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.
Италијанската Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, имаше „спектакуларна“ ерупција, осветлувајќи го ноќното небо со експлозии и светло-црвена стопена лава. Синоќешното изливање се случи на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метри, јави Ројтерс.
Вулканот исфрли пепел и облаци од чад на осум километри високо во небото, објави италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија.
Засега нема податоци за евентуални жртви или повредени.
Етна е висока 3.330 метри, а исфрла лава неколку пати годишно над Сицилија. Последна голема ерупција на вулканот се случи во 1992 година.