ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ СПЕЦИЈАЛНИТЕ ПОНУДИ! Сопственик на ресторан предупредува кои ставки од менито треба да ги прескокнете
Постојат неколку работи на кои треба да обрнете внимание пред да нарачате храна. Меѓу нив, експертот предупредува дека нарачувањето риба во ресторан што не е блиску до брегот е веќе ризично, но треба да бидете особено внимателни во врска со школките.
Кога посетуваме ресторан, обично не размислуваме премногу за тоа што се случува зад вратата од кујната. Претпоставуваме дека храната што ја нарачуваме е безбедна, свежа и правилно подготвена. Сепак, тоа не е секогаш случај.
Начинот на кој се складира храната, хигиенските услови и практиките за подготовка на храната можат значително да влијаат на нејзиниот квалитет и безбедност. Затоа постојат одредени јадења и состојки што е подобро да се избегнуваат во рестораните, а една жена на Тик-Ток, благодарение на нејзиниот пријател сопственик на ресторан, сподели специфични работи што ниту еден гостин не треба да ги нарачува или консумира додека јаде надвор ако сака да биде поштедена од болки во стомакот.
Во описот на видеото, кое собра над стотици илјади прегледи, Јулија Бес детално ги објасни ставовите на нејзиниот пријател угостител. Без разлика дали јадете во синџир ресторани или на фенси место, први на листата се „специјалните понуди“ кои не се врзани за јасна сезонска состојка, пишува New York Post.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.