ИЗБЕГАЛ ОД СЛОНОВИТЕ, ЗАВРШИЛ ВО ЧЕЛУСТА НА КРОКОДИЛ Трагична смрт на рибар во Замбија

Локалниот полициски шеф Робертсон Мвимба соопштил дека Њиренда бил каснат на десната бутина. Според полицискиот извештај, рибарот успеал да се одбрани и привремено да се извлече, удирајќи го крокодилот со стап, но искрвавил до смрт на брегот.

64

Риболовот завршил со хорор сцена во источна Замбија. Рибар загинал откако бил нападнат од крокодил додека бегал од стадо слонови во близина на реката Луангва.

Дин Њиренда (52) се враќал од риболов со двајца пријатели кога ненадејно наишле на слонови. Во обид да се спаси, скокнал во поток покрај реката. Таму го нападнал крокодил. Информацијата ја објави Би-Би-Си.






Локалниот полициски шеф Робертсон Мвимба соопштил дека Њиренда бил каснат на десната бутина. Според полицискиот извештај, рибарот успеал да се одбрани и привремено да се извлече, удирајќи го крокодилот со стап.

Се извлекол, му помагале, искрвавил

– Се извлекол од потокот – изјавил Мвимба.

Двајцата пријатели, кои го следеле настанот од далечина, дотрчале и му помогнале. Го извлекле на брегот додека обилно крварел. Се обиделе да го запрат крвавењето, но безуспешно, пренела државната новинска агенција ЗНБЦ.

Мажот починал.

Полициските служби за диви животни подоцна го посетиле местото. Пронашле длабоки рани од каснување на десната бутина, кои предизвикале фатално крварење.

Коегзистенција што станува опасна

Замбија има голема и растечка популација на слонови. Судирите меѓу луѓето и дивите животни одземаат сè повеќе животи во последните години. Реката Луангва, која минува низ Националниот парк Јужен Луангва, е едно од подрачјата со најголема концентрација на нилски крокодили во Африка, наведуваат конзерваторите.

Во 2023 година биле регистрирани 26 смртни случаи поврзани со диви животни. Од нив, 15 биле предизвикани од напади на крокодили, најчесто долж реката Луангва, според податоци на невладината организација „Ресурс Африка“.

Замбиските власти повторно апелираат до локалното население и туристите на зголемена претпазливост при движење низ области со диви животни. Се разгледуваат и мерки за намалување на конфликтите, меѓу кои и поставување заштитни огради во близина на живеалиштата.

Поврзани содржини