ИТАЛИЈАНЦИ ПОБЕГНАЛЕ ОД РЕСТОРАН, МЕЛОНИ ИМ ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА Во Албанија италијанската премиерка го спасуваше образот на својата нацијата
Одете и платите им ја сметката на овие идиоти, ве молам – ги цитирал Рама зборовите на Мелони до италијанскиот амбасадор во Албанија.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која летува во Албанија, ја платила сметката во еден ресторан откако сопственикот се пожалил дека гости од Италија побегнале без да му платат за тоа што го испиле и изеле, пишуваа италијанскиот весник „Ла стампа“.
Мелони и нејзиното семејство поминаа неколку дена во Албанија оваа недела како гости на премиерот Еди Рама, чија земја ужива туристички бум благодарение на плажите со бел песок и ниските цени во споредба со остатокот од Европа, пишува весникот.
Кога веста дека Италијанците избегале без да платат од ресторан во градот Берат ги обиколи локалните медиуми, Мелони се вклучи да помогне, изјави Рама за Ла стампа.
– Одете и платите им ја сметката на овие идиоти, ве молам – ги цитира Рама зборовите на Мелони до италијанскиот амбасадор во Албанија. Во Албанија беше и италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида кој рече дека тоа било прашање на национална гордост.