ИСТОРИЈА НА РАСПНУВАЊЕТО Суровата вистина на човековата цивилизација
Распнувањето како казна е една од најболните казни за осудениот, а во историјата се јавува многу често
Распетието е дефинитивно еден од најсуровите начини за извршување на смртна казна, за кое сведочи човековата цивилизација. Илјадници луѓе умреле во најтешките маки, а секако најпознато во севкупната меморија е распнувањето на Исус Христос.
Најпознатиот случај на распнување во светот, според Новиот завет, се случил кога Исус Христос бил осуден на ваков вид на смрттна казна од Римјаните. Сепак, ова е далеку од тоа да биде единствениот случај на распнување познат во историјата.
Во античко време, илјадници луѓе биле осудени на срамна и тешка смрт со распнување. Целиот процес на распнувањето во Рим траел долго, вклучувал камшикување и мачење пред лицето да биде заковано на крст за да ја дочека смртта во болка.
Потеклото на казната
Се верува дека Асирците и Вавилонците ја започнале казната со врзување за дрво или за столб. Практиката на распнување била преземена и од Персијците во 6 век п.н.е., според истражувањето објавено од South Africa Media Journal во 2003 година.
Употребата на крстот за распнување почнала да ја користат Римјаните, кои ја вовеле оваа практика во нивниот систем на казнување за време на војната против Картагина за време на пунските војни во 3 век п.н.е.
Со освојувањето на Персија, по издугнувањето на неговата империја, Александар Македонски ја вовел практиката на распнување во земјите од источниот Медитеран, во 4 век п.н.е.
Во следните 500 години, Римјаните го „усовршувале“ распнувањето, додека Константин I не го укинал во 4 век од нашата ера, наведуваат во својот извештај Франсоа Ретиф и Луис Силири, професори на Катедрата за англиски и класична култура на Слободниот државен универзитет во Јужна Африка.
Бидејќи распнувањето се сметало за крајно срамен начин на умирање, Римјаните не ги убивале своите граѓани на овој начин, туку само странци, робови, протерани војници, христијани, а понекогаш и политичари.
Кога Римјаните ја окупирале Светата земја во 4 век п.н.е. римскиот генерал Варус осудил 2.000 Евреи да бидат распнати, а масовното распнување се случило во првиот век од нашата ера за време на римско-еврејските војни. Христос исто така бил осуден да биде распнат под обвинение за поттикнување бунт против Рим.
Што значело распнувањето?
Во Рим, лицата осудени на распнување биле претходно камшикувани, со исклучок на жените, римските сенатори и војниците (освен ако не ја напуштиле службата). За време на камшикувањето, лицето било целосно соблечено, врзано, а римските војници би биле камшикувани по нозете, грбот и задникот. Мачењето би предизвикало тешки рани, болка и крварење, а личноста би била толку исцрпена што несвестица и ненадејна смрт за време на постапката на распнување биле вообичаени.
Доколку го преживеала ова, жртвата на распнувањето би била исмејувана и принудена да го носи крстот за нејзиното распнување на грб до местото каде што ќе биде погубена.
Суровоста може да оди подалеку од ова – со тоа што војниците ќе отсечат дел од телото на жртвата, како јазикот, или ќе ја ослепат.
Изворите наведуваат и грозоморен чин, воведен од грчкиот крал Антикус IV, кој значел давење детето на осуденикот и обесување околу неговиот врат на распетието.
Во Ерусалим, на пример, на жртвите им давале опијати – вино и темјан – за да им ја олеснат болката.
За распнатиот смртта доаѓала полека, помеѓу 3 часа и 4 дена. Понекогаш процесот би го забрзале војниците, со дополнително физичко злоставување на жртвата.
Членовите на семејството на лицето осудено на распнување можеле, со дозвола на римски судија, да ги земат посмртните останки и да го погребаат својот член по неговата смрт. Во спротивно, трупот би бил оставен на милост и немилост на птиците грабливки.
Експеримент
Во текот на 1960-тите германски истражувачи се обиделе да направат експериментално распнување, со цел да ги проучат ефектите врз организмот предизвикани од самиот процес на распнување. Тие доброволците ги врзале за зглобовите на крст, а потоа ги следеле активностите на респираторниот и кардиоваскуларниот систем. По само 6 минути, волонтерите имале проблеми со дишењето, пулсот им се удвоил и крвниот притисок паѓал. Експериментот бил прекинат по 30 минути поради болки во зглобовите. Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Берлин медицина“ во 1963 година.
Ова истражување покажа дека причините за смртта поради распнувањето можат да бидат различни – откажување на повеќе органи, респираторна инсуфициенција и слично.