ИСЧЕЗНА 47-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ Пријателите и роднините го пребаруваат Скопје
Ристе Бочвароски е 47-годишен скопјанец кој од средата исчезнал без никаква трага. Бочвароски е семеен човек и нема здравствени проблеми. Семејството и пријателите молат за помош во пронаоѓањето на нивниот близок
Во средата (11.01.2023) излегол да прошета и оттогаш нема ни трага ни глас од 47-годишниот Ристе Бочвароски.
Неговите пријатели велат дека станува збор за семеен човек, сопруг и татко на две деца кој немал никакви здравствени проблеми.
Често знаел да оди на кратки прошетки, но овојпат од него нема ни трага ни глас веќе четврти ден. Сопругата пријавила во полиција, а во меѓувреме по него трагаат пријателите, но велат дека изгледа како да пропаднал во земја. Бочвароски со себе не зел ниту пари, ниту пак мобилниот телефон.
Блиските велат дека последен пат е виден во средата во 13 часот во Лисиче. Бочвароски бил облечен во сиви тренерки и црна јакна, како на фотографијата. Ги замолуваат сите сограѓани доколку имаат каква било информација да се јават на некои од следните телефони: 070 838-030 или 075 274 706.