🎥 ИРОНИЧНАТА НАСМЕВКА НА КЛИНТОН КАЖУВА СÈ Кус одговор за неговата врска со педофилот Епштајн

Јохана Сјоберг, сведок на судењето за Џефри Епштајн, обвинет за трговија со луѓе и за сексуална експлоатација, за време на сведочењето изјави дека озлогласениот предатор еднаш и рекол дека на Клинтон и му се допаѓаат млади девојки.

811

Поранешниот американски претседател, Бил Клинтон бил виден во посета на Сан Мигел де Аљенде, град во централната мексиканска држава Гуанахуато, неколку часа пред јавноста да дознае за контроверзната листа на посетители на островот на Џефри Епштајн на која се споменува и неговото име. Клинтон безгрижно се шетал низ градот, пиел кафе и се поздравувал со минувачите.
Во меѓувреме се појави видео од Клинтон кое ги преплави социјалните мрежи. Неколку часа пред објавувањето на контроверзната листа, Клинтон беше прашан од новинарите што мисли за обвинувањата дека имал врски со Епштајн.

На прашањето, Клинтон ја крева главата и на присутните им упатува таинствена, широка, навидум иронична насмевка која заинтригира многумина и вели дека „доказите се јасни.“






Поранешниот американски претседател потоа продолжува да потпишува автограми со насмевка и го игнорира претходно поставеното прашање.

Ова видео предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

„Неговото лице кажува сè“ – гласи еден коментар на мрежата Х (Твитер).

„Бил Клинтон е сериски силувач кој е вклучен и во синџирот за педофилија на Епштајн. Хилари Клинтон, жената која е гордо во брак со него и која го брани до ден-денес, го искористи израелското лоби за да ја промовира пропагандата за злосторството масовно силување. Немаат срам“ – стои во друг коментар под снимката.

„Се смее затоа што знае дека ќе се извлече“ – напиша друг корисник, додека некои се потсетија и на скандалот од деведесеттите, спомнувајќи како „се извлекол со Моника Левински, а сега ќе се извлече со ова“, нарекувајќи го „повеќекратен престапник“.

Според последните информации поврзани со педофилскиот скандал, Јохана Сјоберг, сведок на судењето за Епштајн, за време на сведочењето изјави дека озлогласениот предатор еднаш и рекол дека на Клинтон и му се допаѓаат млади девојки. Од друга страна, кога Епштајн беше обвинет за трговија со луѓе и за сексуална експлоатација во 2019 година, Клинтон рече дека не знае ништо за овие злосторства.

Поврзани содржини