„ИРОНИЈАТА НА ИРАН“ Маск објави фотка, понуди сателити за Газа, но…
Илон Маск исто така вчера рече дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на неговата компаннија Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите со хуманитарните организации во Газа прекинати поради израелското бомбардирање. Одговорот од Израел беше дека какви било сателити над Газа ќе бидат спречени бидејќи Хамас може да ги искористи информациите за свои „терористички цели“.
„Ах, Иран-ијата“, напиша еден од најбогатите луѓе на светот и газда на Икс на оваа социјална мрежа. Тој постираше шеговита слика од Иран која е позната од претходно. На неа се поставени американски знамиња на картата околу границите на Иран, а се вели „Иран сака војна. Погледнете како ја ставија земјата во близина на нашите воени бази“.
Набрзо, проверувачите на факти го предупредија Маск дека ова е погрешна слика бидејќи нема американски бази на местата означени со американски знамиња.
Oh the Irany … pic.twitter.com/a1x9hFgJ0Y
— Elon Musk (@elonmusk) October 28, 2023
„Сакам да ме нарекуваат со имиња. Тоа докажува дека не можеме сите да бидеме во право. Ова е меме коешто е очигледно дека е шега, но во него има повеќе од зрно вистина. Треба да се стремиме да ги гледаме работите од перспектива на другите“, напиша Маск во коментар.
Илон Маск исто така вчера рече дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк на неговата компаннија Спејс Икс може да помогне во обновувањето на комуникациите со хуманитарните организации во Газа прекинати поради израелското бомбардирање.
На ова реагираше Израел. Тамошниот министер за комуникации Шломо Кархи на Икс рече дека Израел ќе ги спречи сателитите на Маск над Газа.
„Хамас ќе го користите (системот на сателити) за терористички активности. Можеби Маск би бил подготвен да го услови тоа со ослободување на нашите (израелски) киднапирани бебиња, синови, ќерки, постари луѓе. Сите тие!“, се вели во објавата.
Israel will use all means at its disposal to fight this.
HAMAS will use it for terrorist activities. There is no doubt about it, we know it, and musk knows it. HAMAS is ISIS.
Perhaps Musk would be willing to condition it with the release of our abducted babies, sons, daughters,… https://t.co/pRNOlnINbZ
— 🇮🇱שלמה קרעי – Shlomo Karhi (@shlomo_karhi) October 28, 2023
На ова повторно возврати Маск:
„Не сме толку наивни. Според мојот пост, ниту еден терминал на Старлинк не се обидел да се поврзе од Газа. Ако некој го стори тоа, ќе преземеме вонредни мерки за да потврдиме дека се користи *само* од чисто хуманитарни причини. Покрај тоа, ќе направиме безбедносна проверка и со владата на САД и со Израел пред да вклучиме макар и еден терминал“.
Лани, во војната во Украина, која уште трае, Илон Маск испрати дел од своите сателити над Украина. Подоцна тој се размислуваше да ја повлече својата одлука, а некои медиуми напишаа дека тој имал онлајн-повик со Пентагон, но и со Владимир Путин.