ИРЦИТЕ ОПАСНО ГИ „ДЕЛКААТ“ ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, ГУГЛ, ТИК ТОК… Само од Фејсбук до сега лапнаа 1 милијарда евра

Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни Фејсбук со 265 милиони евра. Тоа е четврта казна по ред за компанијата Мета.

293

Ирскиот регулатор за заштита на податоци (DPC) денеска го казни Фејсбук со 265 милиони евра, со што вкупната казна на компанијата Мета достигна речиси 1 милијарда евра.

Казната произлезе од истрагата што почна во април 2021 година, а беше поврзана со откривањето на повеќе лични податоци од Фејсбук што беа достапни на Интернет. На Фејсбук му беше наредено да спроведе низа корективни мерки.






Новата казна е веќе четврта изречена од DPC на една од компаниите на Мета.

Во септември ирскиот регулатор го казни Инстаграм со рекордна казна од 405 милиони евра, што Мета планира да ја обжали.

DPC ги надгледува Епл ( Apple), Гугл (Google) Тик Ток ( TikTok) и другите технолошки гиганти чие седиште во Европа се наоѓа во Ирска. Во моментов има 40 отворени истраги против такви компании, вклучително и 13 за Мета.

Ирскиот регулатор соопшти дека другите релевантни регулатори на ЕУ се согласиле со нивната денешна одлука, откако DPC  минатиот месец ја сподели нацрт-одлуката според „едношалтерскиот систем” (one-stop shop) на Унијата за регулирање на работењето на големите мултинационални компании.

Поврзани содржини