ИРАНСКИ ХАКЕРИ РАЗОТКРИЈА ИЗРАЕЛСКИ НАУЧНИК Протекоа фотографии од неговиот телефон
Весникот истакна дека хакерите објавиле околу 30 фотографии од Центарот за нуклеарни истражувања во Сорек, преземени од хакираниот телефон и електронската пошта на израелскиот научник.
Хакери од Иран го открија идентитетот на израелски нуклеарен научник и високо позициониран службеник за одбрана, објавија денеска израелските медиуми.
Израелскиот весник „Хаарец“ објави дека хакери, наводно поврзани со иранската разузнавачка служба, ги објавиле личните податоци на нуклеарен научник од Центарот за нуклеарни истражувања во Сорек.
Весникот истакна дека хакерите објавиле околу 30 фотографии од објектот во Сорек, преземени од хакираниот телефон и електронската пошта на израелскиот научник.
Хакерите исто така објавија скриншот со список на израелски нуклеарни научници кои работат на проектот за „акцелератор на честички“ во овој објект.
Iranian-intel hackers doxxed an Israeli nuclear scientist and several colleagues, while also leaking private photos and emails of senior Israeli officials, including a former Defense Ministry director general@omerbenj @jonathanlis1
— avi scharf (@avischarf) November 11, 2024
Објавени се и приватни фотографии и документи на поранешниот генерален директор на Министерството за одбрана, по хакирањето на неговиот профил.
Израел сè уште нема коментирано за извештајот. Минатиот месец, израелската полиција соопшти дека уапсила седум израелски државјани осомничени за собирање информации за израелски воени бази и енергетска инфраструктура за иранските разузнавачки служби.