ИРАН ЌЕ СЕ ОДМАЗДИ ЗА ГЕНЕРАЛОТ ШТО БЕШЕ УБИЕН СО ДРОН Или Трамп ќе понесе одговорност или…
„Ако Трамп и поранешниот државен секретар Мајк Помпео не бидат судени пред непристрасен суд за кривичното дело убиство на генерал Касем Сулејман, муслиманите ќе се одмаздат за својот маченик“, рече иранскиот претседател Еврахим Раиси.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска најави одмазда за американскиот атентат на иранскиот генерал Касем Сулејмани пред две години, доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп не биде повикан на одговорност.
Иран и неговите сојузници во Ирак му оддаваат почит на Сулејмани, командантот на елитната единица Ал Кудс, генерал кој пред неговата смрт имаше култен статус во иранското општество.
Ден по атентатот, САД им кажаа на ОН дека тој чин бил самоодбрана и дека ќе преземат дополнителни активности на Блискиот Исток за да ги заштитат американските интереси „ако тоа биде потребно“.
Интересно е дека генералот Сулејмани во 1993 и 1994 година бил на боиштето во Босна во поранешна Југославија, војувајќи на страната на муслиманите. За тоа повеќе може да прочитате ТУКА.
Се верува дека иранскиот генерал е убиен со вакво оружје: