ИНЖЕНЕР ПРАВИ ЛЕДЕНИ ПИРАМИДИ СРЕДЕ ПУСТИНА Водата е единственото нешто што расте кога е замрзнато (ВИДЕО)
Според Сонан, токму геометриската форма на овие новосоздадени вештачки глечери е клучот зошто тие не се топат до почетокот на летото.
Новости ни доаѓаат од пределите на Хималаите. Инженерот Сонан нашол начин да замрзнува вода во форма на големи пирамидални глечери високи и до 300 метри. Овие ледени објекти не се топат до месец јуни, а тоа е доволно за водата да биде собрана и однесена во непристапните села на Хималаите, кои за време на летниот период се вистински пустини во жега.
– Решението на кое работиме е за замрзнување на водата која не се користи во текот на зимата во големи конуси од лед – вели инженерот добитник на годинешната награда на Ролекс.
Тој ја користи водата од извори и потоци кои надоаѓаат од планината и преку црево ја пушта да избие на големи вертикали забодени од земјата. Гравитацијата го прави своето, а исто и законите на физиката кои велат дека водата е единственото нешто кое се шири кога ќе биде замрзнато, наместо да се собира.
Според Сонан, токму геометриската форма на овие новосоздадени вештачки глечери е клучот зошто тие не се топат до почетокот на летото.
Со парите од наградата инженерот планира да направи уште 20 глечери и со нив да се наводнуваат обработливите површини во селата.