📷 ИНВАЗИВНА АЛГА ОПАСНО ГО ЗАГРОЗУВА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЈАДРАНСКОТО МОРЕ Ако ја видите, фотографирајте и објавете ги сликите!

Станува збор за исклучително инвазивната алга Stypopodium schimperii која брзо се шири низ хрватското подморје. Оваа кафеава алга потекнува од Индискиот Океан, а во Средоземјето најверојатно пристигнала преку Суецкиот канал.

350

Хрватскиот Институт за океанографија и рибарство во Сплит објави вознемирувачка информација дека во Јадранот се шири инвазивна алга, што би можело да доведе до колапс на биолошката разновидност на подморјето, објави Блиц.

Станува збор за исклучително инвазивната алга Stypopodium schimperii, која, според институтот, брзо се шири низ хрватското подморје.






Оваа кафеава алга потекнува од Индискиот Океан, а во Средоземјето најверојатно пристигнала преку Суецкиот канал. Првата појава на Stypopodium schimperii е забележана во Израел околу 1973 година. Подоцна се проширила по источниот дел од Средоземјето, а е регистрирана и во Егејското и во Јонското Море во Грција.

Институтот за океанографија и рибарство во Сплит првпат ја открил алгата во есента 2020 година, во близина на островот Вис, кај Комижа. Веќе 2 години од институтот биле загрижени, но сега, како што велат, ситуацијата е катастрофална.

„Карпестото подморје на длабочина од 3 до 25 метри, околу Комижа, а дури и пошироко од Комишкиот залив, буквално е монокултура на оваа алга. Ја пронајдовме околу целиот остров Вис, но најгуста е во близина на Комижа. Исто така, ја откривме и кај Бијево и Брусник, каде што веќе значително го покрива морското дно. За само 3 години, од неколку примероци, алгата формираше континуирано население. Во нејзините густи колонии речиси и да нема автохтони алги и безрбетници“, предупреди Институтот, кој смета дека алгата преку морските струи ќе се прошири кон подрачјето помеѓу Шолта и Корнати.

Граѓаните се замолени, доколку ја забележат, да ја фотографираат и да го известат институтот.

Во прилог, ТУКА можете да видите фотографии и дополнителни информации за оваа алга.

Поврзани содржини