ИНТЕРНЕТ ЕКСПЛОРЕР ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА Го совладаа побрзите Фајарфокс и Хром
Интернет експлорер се појави во 1995 година, заедно со Виндоус 95. Беше тоа ерата на доминација на Мајкрософт, кога пребарувачот на Мајкрософт покриваше 95 отсто од пазарот.
Интернет експлорер, некогаш популарниот пребарувач на Мајкрософт, замина во историјата.
Компанијата соопшти дека од денеска, 15 јуни, веќе нема да го поддржува своевремено најпопуларниот пребарувач, а корисниците ќе бидат пренасочени кон пребарувачот Еџ (Edge) на Мајкрософт.
Интернет експлорер се појави во 1995 година, заедно со Виндоус 95. Беше тоа ерата на доминација на Мајкрософт, пред појавата на Гугл. Во 2003 година пребарувачот на Мајкрософт покриваше 95 отсто од пазарот.
Но, потоа се појавија Мозила Фајарфокс и Гугл Хром и релативно брзо го презедоа приматот, бидејќи беа побрзи и полесни за инсталирање.
Мајкрософт веќе подолго време најавуваше дека легендарниот пребарувач ќе згасне.
„Еџ е побрз, побезбеден и помодерен пребарувач од Интернет експлорер“, вели Шон Линдерсеј, генералниот менаџер на „Мајкрософт еџ ентерпрајз“.
Но, Еџ сега има само 9 отсто од пазарот, иако Мајкрософт ветува дека ќе преживее барем до 2029 година.