„ИНТЕЛ“ ПРАВИ ЧИП ЗА РУДАРЕЊЕ БИТКОИНИ Ќе го користи познатиот SHA-256 алгоритам
Ако од „Интел“ навистина издадат свој сопствен чип за рударење криптовалути, тие ќе бидат во директна конкуренција со Bitmain, кинеска компанија која е специјализирана за правење ваков тип хардвери. Но, „Интел“ не почнуваат од нула – нивните SHA-256 Extensions се поддржани на процесорите на Ice Lake, и како што сите знаеме, компанијата има големо искуство во оптимизирање на силиконот.
Рударењето на криптовалути е омразено од гејмерите, но тоа не го спречува „Интел“, еден од најголемиот светски производител на чипови, да влезе во бизнисот со биткоин. Иако од компанијата уште не потврдија, новинарите од Tom’s Hardware забележале дека на конференција на 20-ти следниот месец ќе биде претставен чип „за ископување на ултра-нисконапонска енергија“, пишува Гизмодо.
„Интел“, на некој начин, веќе си играше со идејата за ваков чип лани кога Раџа Кодури, шефот за графички процесори, во живо изјави дека компанијата работи на специјализиран хардвер за крипторударство. И како што истакнуваат од Tom’s Hardware, „Интел“ претходно поднеле патент за систем за обработка користејќи го алгоритмот SHA-256, криптографска хаш-функција што ја користат неколку криптовалути, вклучително и биткоин.
Ако од „Интел“ навистина издадат свој сопствен чип за рударење криптовалути, тие ќе бидат во директна конкуренција со Bitmain, кинеска компанија која е специјализирана за правење ваков тип хардвери. Но, „Интел“ не почнуваат од нула – нивните SHA-256 Extensions се поддржани на процесорите на Ice Lake, и како што сите знаеме, компанијата има големо искуство во оптимизирање на силиконот.
– Мислам дека блокчејнот е трансакција што се работи многу поефикасно од моменталното согорување на хардверски циклуси. Тоа е нешто на што работиме – изјави Кодури и додаде:
– И тоа не е работа на графичкиот процесор, затоа не ја мешате со графичкиот процесор. Не, не, не – графичките процесори ќе си прават графика, игри и сите тие прекрасни работи.