ИНФЛУЕНСЕРОТ ЈОЏИР ВО ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦРНА ГОРА Погледнете како растура на социјалните мрежи (ВИДЕА)

807

Познатиот инфлуенсер Јован Радуловиќ Јоџир поднесе потписи за својата претседателска кандидатура до Државната изборна комисија на Црна Гора.

Во трката за претседател на Црна Гора се пријавија осум кандидати, а Државната изборна комисија досега потврди тројца. Единствена дама меѓу кандидатите е Драгиња Вуксановиќ Станковиќ од Социјалдемократската партија. По долго двоумење, актуелниот шеф на државата и лидер на ДПС Мило Ѓукановиќ ја прифати трката за нов мандат.






Андрија Мандиќ го најави падот на актуелниот шеф на државата Ѓукановиќ.

– Неговиот пад треба да доведе до целосен колапс на автократскиот режим, кој трае повеќе од триесет години. Со падот на Ѓукановиќ, завршува тежок период во историјата на Црна Гора, кој го одбележаа поделби, омраза, криминал и корупција – најави Мандиќ.

Инаку, Јован Радуловиќ Јоџир е исклучително популарен на социјалните мрежи, кадешто секојдневно објавува клипови, во кои раскажува вицови, на комичен начин коментира општествени појави, но споделува и настани кои се случуваат во неговиот семеен круг.

Популарноста на Радуловиќ се рашири во регионот лани, кога при посетата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Црна Гора, му пријде за време на вечерата и му го кажа овој виц:

– Надал и Федерер играат тенис.

– Кој е тоа? – праша Ѓоковиќ.

– Оној малиот од Швајцарија – одговори Јоџир и продолжи: – И Федерер го добива, го гази Надал и му вели: „Брате, знаеш дека јас сум Ѓоковиќ за тебе“.

Тој во моментов има 239.000 следбеници на Инстаграм, 138.000 на Фејсбук и над 80.000 на Тик Ток, додека неговиот канал на Јутјуб наречен „Пијан електричар“ го следат над 30.000 корисници.

Јован на 20 години стана претставник на карате репрезентацијата на Југославија, потоа на Србија и Црна Гора и на крајот на Црна Гора. Оженет е со новинарката Ирена Радуловиќ. Работи како личен тренер, а по желба на сопругата поседуваат и детска игротека која ја нарекле „Јоџирланд“.

Јоџир дошол на идеја спонтано да собере потписи за да се кандидира за претседател на Црна Гора. Инфлуенсерот верува дека на земјата ѝ треба некакво освежување и дека тој би можел тоа да го обезбеди. Тој на граѓаните им порача:

– Не ветувам кули и градови, како што ветуваат тие и ништо не исполнуваат. Се обидуваат да ги фасцинираат луѓето со плати, пензии, а потоа само не изневеруваат и нас и државата. Ветувам дека ќе биде убаво и весело. Немам некои големи очекувања. Сакам да се обидам да ја водам државата на вистинскиот пат. Граѓаните да гласаат за мене затоа што се разликувам од другите, не лажам и сум оригинален – изјави Радуловиќ, кој при собирањето потписи за поддршка на неговата кандидатура призна дека и самиот бил изненаден од тоа колку луѓе го поддржале.

Погледнете неколку видеа од Фејсбук со овој интересен лик:

 

Поврзани содржини