🎥 ИНДИСКА КРВАВА СВАДБА Гостите се степале за музички желби, младоженецот убиен!

306

Ракеш Рам, син на локален бригадир во индиското село Трилокпур, бил убиен на 5 јуни, откако гостите на неговата свадба се скараа околу музиката.

Ракеш ја напуштил својата куќа со свадбената група околу 19 часот, но два часа подоцна, токму кога започнале свеченостите во шаторот, тој бил претепан откако спротивставените страни, кои се расправале пред диџејот за тоа кои песни да се пуштат.






Крвавата тепачка е снимена. Меѓу другото, се гледа дека гостите од селото на невестата почнале да го удираат таткото на младоженецот со стапови, а потоа и неговиот син, кој истрчал да му помогне.

Еден млад човек по име Папу, исто така, го удрил младоженецот по главата со кундакот од рачно изработен пиштол, по што невестата, Раџкумари, почнала да ја брише крвта што течела од главата на младоженецот.

Младоченецот починал во болницата каде што беше префрлен, заедно со неговиот тешко ранет татко.

Ова е снуимка од индиската крвава свадба, во која, предупредуваме, има вознемирувачки сцени:

Поврзани содржини