ЏИН-ТОНИК, ОРЕОВКА СО МАЏУН, „СЕСТРИ ПО ПИТИ“, ДЕЦА НА РЕВОЛУЦИЈАТА, ЧУВАРИ НА ТРАДИЦИЈАТА На гости во селското домаќинство Пирустија Неданоски
Нашата соговорничка Наташа Неданоска е наставничка, градинар и фармер, домаќинка и чувар на кулинарските богатства што се пренесуваат низ генерации – комат, кошмишпите, питулици, ѓомлезе и сите традиционални јадења кои таа, во селското домаќинство Пирустија Неданоски ги приготвува на пирустија, под сач. Поминавме таму горе, во пазувите на Галичица, еден прекрасен ден полн со вкусови, мириси, изворска вода, месење, сучење, музика на плочи, ореовка и по некој нетрадиционален ама освежителен џин-тоник
Иако веќе неколку пати сум имала можност да се дружам со Наташа Неданоска, срцето и душата на селското домаќинство Пирустија Неданоски, а и да ги вкусам нејзините традиционални сучени специјалитети, иако сум ја гледала како сучи и пее во Торино, на нејзин терен, во селото Рамне отидов дури деновиве.
Дали заради сите пропуштени можности досега или заради малата женска екипа со која бев таму, ова беше навистина прекрасен и многу посебен ден. Јас, во улога на она што обично ѝ се препишува на ракијата (нели велат дека ракијата ги поврзува луѓето) и двете девојки што ми го накалемија описов, гостинките од Лондон, нашата Спасиа Динковски и фотографката Кејтлин Каприо и секако, нашата драга домаќинка Наташа.
Целта на посетата на двете лондончанки беше да се направат последните фотографии за книгата посветена на македонската традиционална кујна која нашата вредна Спасиа ја подготвува за англискиот пазар, а во која, меѓудругите, ќе се најде и приказната за Пирустија Неданоски.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.