📽 ИМПРЕСИВЕН ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ВО КИНА ИЗГРАДЕН ЗА САМО 110 ДЕНА Иднината на градежништвото е во брза градба

Германската машина „Shanhe“ која го направи ова „чудо“, работи со 7.510 коњски сили, не бара одмор, не прави паузи. Сама се чисти, сама работи, сама се гаси ако треба. Телескопски очи, автоматски амортизери, 500 секции со заштитни цевки. Нема човечки ризик. Само прецизност.

683

Кинезите не фрлија челик преку Жолтата река, туку ја продупчија одвнатре. Под најопасната и најнепредвидлива река во Кина, осамна ново чудо на инженерството: тунел од 17 метри дијаметар, направен за само 110 дена. Брзина каква светот досега не видел.

Местото е Џинан, провинцијата Шандонг. Таму, со германска машина што личи на тенк од иднината,  беа ископани 3.290 метри под вода. Дневно биле копани и по 18 метри. Притисок под вода е 7,5 бари.






Германската машина „Shanhe“ која го направи ова „чудо“, работи со 7.510 коњски сили, не бара одмор, не прави паузи. Сама се чисти, сама работи, сама се гаси ако треба. Телескопски очи, автоматски амортизери, 500 секции со заштитни цевки. Нема човечки ризик. Само прецизност.

 

Тунелот „Jinan Huanggang Road Yellow River Crossing“ е за автомобили, по три ленти во секоја насока, о дозволена брзина до 60 км/ч. Има мостови, вештачки острови и паметни системи кои мерат, следат, предупредуваат.

Овој тунел не е само импресивен подвиг, туку и сигнал за новата ера на интелигентна инфраструктура.

Автоматизираните системи за надгледување, одржување и безбедност го претвораат во жив пример за тоа каде се движи градежништвото, не само во Кина, туку и во целиот свет.

Поврзани содржини