ИМАШЕ ДОГОВОР, НО АМЕРИКАНЦИТЕ САКАА ВОЈНА Поранешниот израелски премиер тврди дека лани Украина и Русија се согласиле на примирје

Ќе го кажам ова во широка смисла. Мислам дека имаше легитимна одлука на Западот да продолжи да мава по Путин и да не преговара, изјави Бенет за ланските преговори меѓу Украина и Русија во текот на војната, во кои Украина се согласила да не влезе во НАТО, а Русија да ги прекине огнот и „денацификацијата“.

2,108

Видео на Твитер кое беше прегледано 19 милиони пати сугерира дека минатата пролет, во преговорите кои се одвиваа меѓу Русија и Украина во самиот тек на војната, двете земји постигнале договор за примирје, но САД негодувале и инсистирале на војна, пишува Слободна Далмација.

Се работи за интервју на поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет кој како прв странски политичар кој ја посети Украина во војната вели дека Украина се согласила да не влезе во НАТО, а за возврат Русија да ги сопре огнот и „денацификацијата“.






Според Бенет, западните сојузници на Украина ставиле своевидно вето на мировниот договор.

 

– Ќе го кажам ова во широка смисла. Мислам дека имаше легитимна одлука на Западот да продолжи да мава по Путин и да не преговара – рече Бенет.

Запрашан дали западните сили го „блокираа“ посредувањето, тој рече:

– Тие ги блокираа преговорите и мислев дека грешат.

Меѓу западните сојузници, според изјавата на Бенет, преовладувал таборот кој бил за „поагресивен пристап”, односно за „продолжување на нападот на Путин, а не на преговори.

Бенет објасни дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон се залагал за „порадикални мерки“, додека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц биле „попрагматични“, а дека американскиот претседател Џо Бајден „ги поддржал двата пристапи“.

 

Бенет вели дека со оглед на тоа што исходот од војната во Украина не е „национален интерес на Израел“, тој самиот не заземал цврсти позиции, но дека како посредник „детално сè координирал со САД, Германија и со Франција“.

Како беше навистина? Путин лани на 11 април рече дека разговорите дошле во ќорсокак, обвинувајќи го Киев дека ги саботирал мировните преговори со „лажни тврдења“ за руските воени злосторства во Буча и барајќи безбедносни гаранции за цела Украина.

Покрај тоа, три дена подоцна, Ројтерс објави дека веднаш по окупацијата, на Русија ѝ бил понуден договор со кој Украина ќе се откаже од својата кандидатура за членство во НАТО, што Путин наводно го одбил.

Поврзани содржини