ИМАШ ЛИ НОВЦЕ ЗА СЛАДОЛЕД КУПИТ? НЕМАТ! На хрватскиот Јадран ова лето е ужасно скапо

Еден од симболите на инфлацијата долго време е цената на топка сладолед. Сплиќани се сеќаваат на цената од 5 куни, помалку од 1 евро. Но, денес една топка сладолед чини над 3 евра, додека на други места на Јадранското Море може да достигне и до 5 евра.

1,122

Дали е можно шише вода да чини 5 евра?

Појадок, ручек и вечера – 250 евра?






Апартман неверојатни 400 евра дневно?

Ова се дел од цените со кои британскиот таблоид Експрес ги плаши британските туристи и тврди дека омилената туристичка земја губи туристи поради енормните зголемувања на цените, многу повисоки отколку во, на пример, Грција и Шпанија.

Хрватскиот портал Нет.хр ги провери овие информации и полуинформации на теренот. Резултаите, за жал, не се охрабрувачки. Цените во Хрватска ова лето, во споредба со летото 2022 година, веќе се ужасни.

Реално, обична пица од 13 евра, сега чини 18, што е зголемување за речиси 40%. Популарното рижото со ракчиња сега е поскапо за неверојатни 83%. Цената за изнајмување апартман за две лица се зголемила за 50 евра за 3 години, или дури 63%.

Еден од симболите на инфлацијата долго време е цената на топка сладолед. Сплиќани се сеќаваат на цената од 5 куни, помалку од 1 евро. Но, денес една топка сладолед чини над 3 евра, додека на други места на Јадранското Море може да достигне и до 5 евра.

Па ко воли, нек изволи…

Поврзани содржини