ИМА НЕШТО БЛАГО? Кога веднаш после ручекот, почнувате да мислите на десерт…
Ако после ручек, првата мисла ви е со што да се заблажите, тогаш прочитајте ги овие совети. Ќе ви помогнат да го надминете ова чувство без да посегнете по шеќер
По главниот оброк, честопати кај луѓето се јавува желбата и потребата за нешто слатко веднаш потоа. Тоа е природно, но за оние кои држат диета, може да биде проблем. Следат неколку совети како тоа да се надмине и избегне.
Целосен појадок
Оние кои наутро имаат обилен здрав појадок, богат со влакна и јагленохидрати, како овес и овошје и, квалитетните протеини во месо, јајца и млечни производи, го почнуваат денот со стабилно ниво на шеќер во крвта. Патем, луѓето кои јадат повеќе обилни оброци наутро, помалку копнеат за храна навечер.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.