ИМА ЛИ ПРЕСВРТНИЦА НА УКРАИНСКИОТ ФРОНТ? Американските ракетни системи се исплатеа, еве како тие ја успоруваат војната
Русија сега пресели значителни сили на југ и во правец на Херсон и во правец на Запорожје, со цел да се зајакне таму и да се концентрира на обезбедување и задржување на освоените области, вели Ланге коментирајќи го застојот во војната кој е случи откако Украинците почнаа да ја ракетираат руската муниција. Сега Русите се сконцентрирани во континентална Украина, а не на фронтот што според Михаило Подољак, советникот на Зеленски, и до шест пати ја намалило територијата за гранатирање во источните и јужни делови на земјата.
Целното гаѓање на руската муниција и командни магацини со американските ХИМАРС ракетни системи кои Украина ги доби како помош направија одреден „пресврт“ во војната во Украина со тоа што ги натера Русите да се тргнат од фронтот и да гранатираат длабоко во територијата на земјата за да ги задржат освоените места, велат западни воени експерти во анализа на Дојче Веле.
Според советникот на украинскиот претседател Зеленски, Михаило Подољак, пак, тоа за пет до шест пати ја намалило површината за гранатирање во источните и јужните делови на Украина. Освен неговото интервју за Дојче Веле, за медиумот германскиот експерт Нико Ланге изјавува:
– Одлучувачка работа овие денови е што Русија сега е принудена да реагира на изјавите и постапките на Украинците. Досега беше обратно: Украинците беа принудени да реагираат на сè што прави Русија.. – вели тој и додава:
– Русија сега пресели значителни сили на југ и во правец на Херсон и во правец на Запорожје, со цел да се зајакне таму и да се концентрира на обезбедување и задржување на освоените области.
САД ја помагаат украина со оружје од воена база во близина на Штутгарт. Помошта стига од 50 земји, а тука, во Штутгарт, се кршат копјата околу идните можни пресврти. Во една голема просторија со кабли воени службеници во униформи од разни земји на повеќе јазици комуницираат меѓу себе работејќи на своите лаптопи. За базата едногласно пренесоа повеќе медиуми од САД кои имале пристап до овој центар.
Американскиот генерал Кристофер Г. Каволи командува со базата во Штутгарт од почетокот на јули. Роден е во 1964 година во јужна Германија, во семејство кое работело за американската армија и било стационирано таму. Тој има диплома по источноевропски студии на Универзитетот Јеил и е познат како експерт за Европа и за Русија.
Генералот Каволи е тој што треба да го спроведе зајакнувањето на источното крило на НАТО како одговор на руската војна против Украина. Постојани барања од украинската армија пристигнуваат во украинскиот штаб на ЕУКОМ.
„Атмосфера како во времето на сојузниците во Втората светска војна“, напиша Вашингтон пост на крајот на јули годинава.
Почетната точка во помошта на Западот за Украина беше донаторската конференција за Украина, свикана од САД на 26 април во американската воздухопловна база во Рамштајн, Германија. Повеќе од 50 земји сега ја поддржуваат Украина со снабдување со оружје.
Во таканаречената контакт група, тие со месеци се договараа за тоа која земја какво оружје може испорача и дали може да достави тешко оружје за украинскиот фронт.