ИМА ЛИ ПОТРЕБА ДА СЕ МАЛТРЕТИРА ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ СО ДУПЕЊЕ УШИ? Погледнете го видеото и кажете што мислите за оваа тема?

Американската академија за педијатрија (ААП) препорачува родителите да почекаат додека децата не станат доволно возрасни за да донесат сопствена одлука за пирсинг на увото. Освен тоа, предност на чекањето е тоа што детето ќе може да се погрижи да се исчисти само по пирсот, што ја намалува можноста за инфекција.

377

Кога станува збор за дупчење на ушите на бебињата и малите деца, јавноста е поделена. Додека едни го прават тоа поради културолошки причини, а други затоа што им се допаѓа нивните бебиња да носат обетки, има и такви кои се големи противници родителите да им ги дупнат ушите на своите деца додека не станат доволно возрасни сами да кажат дали тоа воопшто го сакаат.

На Кејти Шадел кога имала три месеци ѝ ги дупнале ушите, па решила да го стори истото со својата ќерка. Таа на Тик-Ток објави видео во кое нејзината ќерка седи во прегратките на нејзиниот татко. Бебето спие, а штом вработениот во златарницата ќе почне да ѝ боде увото, таа се штрекнува и почнува да плаче.






Повеќе за ова, како и видеото, ќе најдете на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини