ИМА ЛИ ЛЕК ЗА БОЛЕСТА НА БРУС ВИЛИС? Помешани зборови, проблеми со разбирањето и со изразувањето
Луѓето со Брока афазија, позната и како експресивна афазија, ги елиминираат зборовите „и“ или членот „-от, -та, -то“ од нивниот говор и зборуваат со кратки реченици. Од друга страна, луѓето со Вернике афазија, исто така позната како рецептивна афазија, може да зборуваат со долги збунувачки реченици, да додаваат непотребни зборови или да создаваат нови.
Ултрапопуларниот Брус Вилис, познат по неговите тешки улоги во филмовите како „Умри Машки“, се повлекува од глумата откако му беше дијагностицирана афазија. Семејството на 67-годишникот рече дека состојбата „влијае на неговите когнитивни способности“, пишува ИФЛ Наука. Што знаеме за оваа болест? Нема лек за аспазијата но постојат разни јазични третмани.
Помешани зборови, проблеми со разбирањето
Афазијата е состојба која влијае на вашата способност за комуникација, предизвикувајќи тешкотии со јазикот или со говорот. Луѓето со оваа состојба може да имаат проблеми со зборувањето, разбирањето, читањето или пишувањето.
Симптомите може да варираат од човек до човек. На некои можеби им е тешко да ги разберат другите ако брзо зборуваат. Другите ќе имаат проблем да ги разберат шегите. На некои ќе им биде тешко да состават долги реченици или може да ги помешаат зборовите.
Кратење и додавање зборови
Исто така, постојат различни видови на афазија. Луѓето со Брока афазија, позната и како експресивна афазија, ги елиминираат зборовите „и“ или членот „-от, -та, -то“ од нивниот говор и зборуваат со кратки реченици.
Од друга страна, луѓето со Вернике афазија, исто така позната како рецептивна афазија, може да зборуваат со долги збунувачки реченици, да додаваат непотребни зборови или да создаваат нови. Тие, исто така, може да имаат потешкотии да го разберат говорот на другите.
Удар, голема повреда, недостаток на крв
Афазијата е обично резултат на оштетување на една или повеќе јазични области на мозокот, кои се наоѓаат во левата страна на мозокот кај повеќето луѓе. Ова оштетување може да биде резултат на трауматска повреда на мозокот, тумор на мозокот или мозочен удар кој лишува дел од мозокот од крв. Мозочните удари се водечка причина за состојбата. Се проценува дека околу една третина од мозочните удари резултираат со одреден степен на афазија.
Според Националното здружение за афазија, има најмалку 2 милиони луѓе во САД кои живеат со афазија. Сепак, состојбата останува релативно непозната меѓу пошироката популација, а 84 отсто од луѓето велат дека никогаш не слушнале за терминот „афазија“.
Има ли лек за афазијата?
Не постои „лек“ за афазија, но постојат голем број различни третмани што луѓето со оваа состојба можат да ги добијат за да ги олеснат своите симптоми. Изборот на третман зависи од возраста на лицето, неговото општоа здравје, симптомите и причината за состојбата, но еден од примарните начини за решавање на проблемот е преку говорна и јазична терапија.
Семејството и пријателите на луѓето кои доживуваат афазија исто така може да помогнат. Ова вклучува едноставни совети како да зборувате јасно и бавно, да одржувате контакт со очите додека комуницирате, да користите пократки реченици и да му дадете на лицето многу време за да може да се изрази.