ИМА БИЕНО СИРЕЊЕ? Кцана сол, намаз од афион, македонско крафт чоколадо, пиво, вино?

Да, да, има сѐ и ќе има сѐ повеќе и повеќе бидејќи локалните производители и нивните вкусни локални производи со автентичен вкус, стануваат сѐ побројни и побројни. Кој не пробал што е традиционален македонски производ, може да проба на 9.април во „Јавна соба“.

623

Биено сирење има? Мора да има, ако не, мора да се трча и да се купи. Зашто кога нам ни доаѓаат гости од странство, биеното сирење е еден од македонските автохтони производи, бренд со кој сакаме да се пофалиме. За среќа, ги има сѐ повеќе вакви домашни производи кои се со автентичен вкус својствен само за овие краишта.

За повеќето сме пишувале, а среќни сме што се појавуваат  и нови и мрежата на Слоу фуд производители постојано се шири, се усовршува, се вмрежува, ама и станува сѐ попопуларна, па оние кои еднаш ќе пробаат нешто од нив, потоа, кога немаат можност да ги најдат или да ги набават овие производи, тешко им се навраќаат на индустриските. Не дека тие не чинат, ама го немаат вкусот на традицијата и мирисот на љубовта која малите локални производители во голема мерка им ја вдишуваат на своите производи.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини