ИМ РАСТАТ ГРАДИ И ДОБИВААТ МЕНЗИС ПРЕД 11-ТАТА ГОДИНА Девојчињата сѐ порано влегуваат во пубертет

Денес, некои девојчиња развиваат знаци на пубертет, како што е развојот на градите и почеток на првата менструација пред 11-тата година. Зошто девојчињата сѐ порано влегуваат во пубертет?

1,066

Во последните децении е забележана загрижувачка промена: девојчињата ширум светот сѐ порано и порано влегуваат во пубертет. Некои експерти предупредуваат дека оваа појава има значителни физички и психолошки последици, а причините се поврзани со модерниот начин на живот, исхраната, стресот и надворешните фактори, пишува National Geographic.

Во мета-анализата која вклучува 30 студии, истражувачите откриле дека просечната возраст на почетокот на пубертетот кај девојчињата ширум светот е намалена за три месеци по деценија од 1977 до 2013 година – што се собира на повеќе од една година порано. Почетен знак за пубертет кај девојчињата е развојот на ткивото на дојкитe, со почетокот на менструацијата (наречена менарха) која доаѓа подоцна.






Една нова студија објавена во JAMA Network Open покажува дека возраста за почетокот на менструацијата се намалува.

Помеѓу 1950 и 2005 година, бројот на девојчиња кои ја добиле првата менструација пред 11-годишна возраст речиси се удвоил на 16%. Освен тоа, сè повеќе девојчиња чекаат подолго за да им станат менструациите редовни. Зошто се случува ова?

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини