📽 „ИМ ГИ ЏИТОСАВ ПЕШКИРИТЕ ВО КАНТА“ Видео од омиленото место на Македонците во Грција ги бранува мрежите

Јас лани сè тоа собрав, фрлив во канта и ај чао, напиша жена коментирајќи го оставањето пешкири на лежалки во Пефкохори. Нејзиниот коментар доби и пофалби и критики.

1,436

„А во Пефкохори ништо ново – и понатаму со простирки се чува место преку ноќ“.

Вака пишува на видеото споделено на српскиот Инстаграм профил Nikana.gr, кое предизвика голема дебата во регионот.






Лежалките кои преку ноќ стојат на јавните плажи во Пефкохори и „чуваат место“ за нивните сопственици за следниот ден, предизвикаа дебата на социјалните мрежи.

Ова се случи откако на Инстаграм беше објавено видео од плажата која е преполна со простирки, пешкири, па и издишан душек, а врз кои има големи камења, за да ги држат, да не „летнат“ во текот на ноќта.

 

Коментарите на луѓето се поделени. Едни сметаат дека е правилно да се зачува место на малата плажа, други дека со ставање пешкир за следниот ден неправедно им се зема местото на туристите кои доаѓаат.

„Јас лани сè тоа собрав, фрлив во канта и ај чао“, вели жена, која доби и пофалби и критики за својата реакција.

Друг инстаграмџија коментирал:

„Се залепиле луѓето за Пефкохори ко да е Азурен брег. A всушност е еден голем панаѓур. Толку подобри места има, помирни, почисти и со помалку гужва на цел Халкидики“.

„Ова е срамота. Лани беше вака и во Полихроно“, вели трет.

„Што да прават луѓето кога е мала плажичка и за половина част се полни“, напишал четврт.

Но, имаше и хумористични коментари:

„Добро е што не си оставиле пешкири од лани“.

„Барам работа – чувар на пешкири. Локација Пефкохори – Ханиоти! Препорачајте ме“.

„А можеби ќе има јога час на полноќ“.

„Станувам во 5 на одмор за да си фатам место“.

Поврзани содржини