ИЛОНЕ, КУПИ ЈА МАКЕДОНИЈА И ИЗБРИШИ ЈА „СЕВЕРНА“ Македонските твитерџии со пораки до милијардерот

Ќе ти ги дадеме политичарите бесплатно. Знам дека не вредат ништо, но подарок е подарок, му напишал еден твитерџија на Маск.

3,400

Илон Маск да ја купи Македонија и да го тргне „Северна“ од името е главното барање на еден куп твитерџии кои го затрупаа најбогатиот човек во светот со своите пораки и твитови откако тој самиот го купи Твитер.

„Илон Маск, те молам купи ја нашата држава без она „Северна“, само Македонија. Ќе ти ги дадеме политичарите бесплатно. Знам дека не вредат ништо, но подарок е подарок“, е само една од многуте пораки.

 






Се проценува дека Маск од милијардер ќе стане трилијардер. Додека неговите шеги дека сега ќе ја купи „Кока Кола“ да го врати кокаинот некои ги сфатија сериозно, неговото преземање на Твитер нема да биде лесна задача. Властите во САД, но и во Европа спремаат разни законски препреки за ограничување на „апсолутната слобода на говор“, за која Маск рече дека ќе се залага.

Во однос на дилемата како Маск ќе заработува од Твитер ако го укине рекламирањето, тој неодамна изјави дека би можел да им ги ограничи платите на главниот борд на директори.

Поврзани содржини