ИЛОН МАСК Ѝ ПРАТИ ПОМОШ НА УКРАИНА Бесплатен сателитски интернет за окупираната земја

„Услугата Старлинк сега е оперативна. Други терминали се на пат“, напишал Маск на Твитер.

1,705

Илон Маск во објава на Твитер во саботата напиша дека неговата компанија СпејсИкс ја активирала Интернет-услугата Старлинк во Украина и дека неговата компанија испраќа опрема во таа земја, пишува Н1.

„Услугата Старлинк сега е оперативна. Други терминали се на пат“, напишал Маск на Твитер.






Десет часа претходно, вицепремиерот на Украина Михаил Федоров го повика милијардерот на социјалните мрежи да испрати Старлинк сателити во Украина.

„Додека вие се обидувате да го колонизирате Марс, Русија се обидува да ја окупира Украина! Додека вашите ракети успешно слетуваат од вселената, руски ракети напаѓаат украински цивили! Ве повикуваме да испратите сателити Старлинк во Украина“, му порача официјален Киев на Маск.

Во исто време, Илон Маск беше повикан да ги охрабри „Русите со здрав ум“ да ѝ се спротивстават на својата влада.

СпејсИкс во петокот лансираше втора пратка од околу 50 сателити Старлинк за да обезбеди интернет врска со клиентите ширум светот.

Во саботата не беше јасно како услугата ќе биде достапна за корисниците во Украина на терен.

Поврзани содржини