ИЛОН МАСК ПОВТОРНО Е НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ Сопственикот на „Тесла“ вчера заработил 5,5 милијарди долари!

По растот на акциите на Тесла, проценето богатство на Маск сега е зголемено на 210 милијарди долари, францускиот милијардер Бернар Арно кој само три дена беше на врвтот на листата на милијардерите, сега е втор со богатство од 208,5 милијарди долари, објави Форбс.

164

Илон Маск и официјално повторно е најбогатиот човек на светот, откако го престигна извршниот директор на LVMH, Бернард Арно, кој три дена беше прв на листата. Форбс денеска ја објави новата листа на милијардерите на која сопственикот на „Тесла“ се врати на врвот по минатонеделниот пад.

Во анализата на Форбс се истакнува дека тоа се случило бидејќи акциите на компанијата „Тесла“ забележале сериозен раст, по големите падови во изминатата недела. Богатството на јужноафриканско-американскиот бизнисмен вчера се зголеми за 5,5 милијарди долари, со што неговото проценето богатство сега е зголемено на 210 милијарди долари, објави Форбс.






Францускиот милијардер Бернар Арно кој само три дена беше на врвот на листата, сега е втор со 208,5 милијарди долари.

Ваквиот голем скок на активата на Маск е резултат на речиси 4,2% зголемување на цената на акциите на „Тесла“, која достигна сума од околу 208 долари, откако минатата недела падна на 176 долари поради лошите квартални резултати.

Арно го престигна Маск минатата недела бидејќи акциите на LVMH пораснаа за повеќе од 13% во петокот, по извештаите за големата продажба во 2023 година.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос е далеку зад нив на третото место на листата на милијардери на Форбс со проценето богатство од 170 милијарди евра.

Поврзани содржини