ИЛОН МАСК ГО ПРЕДИЗВИКА ПУТИН НА ДВОБОЈ Еден на еден, влогот е Украина
Го предизвикувам Владимир Путин на борба еден на еден. Влогот е Украина, напишал Маск.
Трилијардерот Илон Маск на Твитер напиша прилично необична порака до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Н1.
„Го предизвикувам Владимир Путин на борба еден на еден. Влогот е Украина“.
I hereby challenge
Владимир Путин
to single combatStakes are Україна
— Elon Musk (@elonmusk) March 14, 2022
Под објавата следеа низа коментари.
„Тој е крал на троловите“, напиша еден од твитерџиите.
Веста за статусот од Твитер-профилот на Маск ја објавија бројни светски медиуми.
Претходно, Маск на покана на украинскиот министер ја лансираше сателитската интернет услуга Старлинк во Украина.