ИЛИ 600.000 РУСИ ИЛИ НУКЛЕАРКА Две сценарија за Путин за победа во Украина

Еверард потсети и на најавите на платеничката организација „Вагнер“ за која се верува дека е вмешана во конфликтот, а која тврди дека Русите ќе мора да мобилизираат меѓу 600.000 и 800.000 луѓе за дефинитивно да ја поразат Украина. Иако не е познат изворот на таа процена, истата се зема како пристојна илустрација за тоа со што се соочуваат трупите на Путин во Европа.

3,763

Единствениот излез за Владимир Путин во војната во Украина во овој момент би било да пушти голема војска од 600.000 резервисти на терен, а другата опција е активирање на нуклеарниот арсенал, каде Путин има предност пред Западот, смета поранешниот заменик врховен командант на НАТО за Европа, Сер Џејмс Еверард. Според него, Путин „е во неволја“ и наскоро би можел да биде соборен од сопствените генерали, пренесува Нет.

– Тој е во ужасна ситуација за која е виновен. Не гледам шанси да ги постигне своите цели без конвенционална ескалација – изјави Еверард за „The Sun“.






Тој потсети и на најавите на платеничката организација „Вагнер“ за која се верува дека е вмешана во конфликтот, а која тврди дека Русите ќе мора да мобилизираат меѓу 600.000 и 800.000 луѓе за дефинитивно да ја поразат Украина. Иако не е познат изворот на таа процена, истата се зема како пристојна илустрација за тоа со што се соочуваат трупите на Путин во Европа.

Еверард предупредува и дека Путин би можел да прибегне кон нуклеарно оружје. Украина од своја страна веќе обезбеди 3,8 милијарди долари американска помош, а се очекува нов пакет од 40 милијарди долари. Всушност, Џо Бајден веќе потпиша закон за неограничена финансиска помош за Украина. Експертите сметаат дека тоа би можело да ја сврти ситуацијата во корист на Украина, од што секако Путин се плаши.

„Примената на човечка логика на овој проблем би изгледала лудо. Мислам дека тоа ќе биде голем стратегиски неуспех и не можам да верувам дека неговите поддржувачи нема да отстапат после тоа. Тоа би значело поголема изолација. Но, како што некои велат, тоа е „егзистенцијална закана“ за Русија. Тоа би бил егзистенцијално тежок крај, нели?

извор: јутјуб

– Путин има предност пред Западот само во неговиот нуклеарен арсенал, од помали бомби до оние што уништуваат сè. Можеби нуклеарната ескалација на Путин не е толку страшна како што изгледа, но сепак мислам дека тој потег би бил страшен – изјави Еверард.

Путин постојано се закануваше дека ќе користи нуклеарно оружје од почетокот на војната. Тој дури ги стави нуклеарните трупи во состојба на готовност. Експертите веруваат дека Путин би можел да употреби тактичко нуклеарно оружје некаде во Украина за да го забрза текот на војната за која мислеше дека ќе победи за неколку дена.

Сепак, поверојатно е дека тој ќе користи методи кои го прекршуваат законот за војна. Британскиот министер за одбрана Бен Волас, исто така, предупреди на ова, додавајќи дека се можни одмазднички бомбардирања, силувања и убиства низ Украина.

– Ако победите во војната со убивање, силување, бомбардирање цивили, кршење на сите човекови права, корупција и ако тоа стане начин за победа во секоја битка, пораката која ја испраќате е неверојатно опасна. Не ви треба обука, опрема, владеење на правото, потребна ви е само поголема бруталност и подготвеност да уништите сè што ќе ви се најде на патот. Русите не се заинтересирани да го окупираат Мариупол. Тие го уништија, па затоа ова е важно (да се разбере) – предупреди Валас.

Поврзани содржини