ИЛЈАДНИЦИ ДЕЦА ЗАВРШУВААТ СЕКОЈА ГОДИНА ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ НУДЛИТЕ Вкусната инстант намирница е особено опасна за малите деца
Уште во 2018 година, на Националната конференција на Американската академија за педијатрија биле презентирани податоци, според кои супите со инстант тестенини се причина за еден од пет случаи на изгореници кај децата. Се покажало дека оваа намирница е причина за повеќе од 9.500 изгореници кај деца на возраст од 4 до 12 години.
Инстант нудлите, евтино јадење што се загрева на шпорет или во микробранова печка, се водечка причина за изгореници кај децата, покажува новото истражување кое го спровеле истражувачите од Медицинскиот Универзитет во Чикаго.
Истражувачите проучувале 790 случаи на изгореници на деца од 2010 до 2020 година. Тие откриле дека кај 31 процент од нив, односно, кај 245 мали пациенти, причината биле инстант тестенините. Дури 40 отсто од изгорениците настанале кога децата биле оставени без надзор.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.