ИГРИТЕ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОМНЕЊЕТО Без тренинг мозокот ги губи стекнатите вештини

Не постои проверка на реалноста како оваа - на некого му раскажувате иста приказна двапати и го сфаќате тоа кога тој или таа ќе Ве запре на половина пат, вели Дакари Квимби, клинички доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет УСЦ во Лос Анџелес.

439

Мозочните игри и вежбите за помнење ги стимулираат нервните патишта го поттикнуваат невропластицитетот, односно способноста на мозокот да учи и да се менува. Ова помага во зајакнувањето на нервните врски, што пак, ги зацврстува мозочните и умствените вештини.

Дакари Квимби, клинички доцент по психијатрија на Медицинскиот факултет УСЦ во Лос Анџелес, САД, смета дека овие когнитивни предизвици ги подобруваат когнитивните функции и потенцијално го одложуваат падот на меморијата.






– Не постои проверка на реалноста како оваа – на некого му раскажувате иста приказна двапати и го сфаќате тоа кога тој или таа ќе Ве запре на половина пат. Кога тоа ќе се надополни со заборавање на клучевите по втор пат во една седмица или со тоа што нема да ви текне на името на некој што неодамна сте го запознале, очигледно е дека Вашата меморија можеби не е толку добра како порано… И, тоа е во ред, промените во помнењето со возраста се нормални – појасни Квимби за „Јаху лајф“ (Yahoo Life).

Д-р Гери Смол, психијатар од Медицинскиот универзитет во Хакенсак, во американската сојузна држава Њу Џерси, вели дека неколку истражувањата покажале дека едноставните вежби и игри за меморија може да го подобрат и зајакнат помнењето. Следат четири „игри за мозокот“ коишто докажано го освежуваат умот.

Погодувањето зборови и логични поврзувања може да биде тешко, но „фората“ е да се предизвикувате себеси и да ја одржите Вашата остроумност. Научните истражувања посочуваат дека тие се благотворни и за подобрување на помнењето, и во спречување на намалување на мозокот кај луѓето со полесно когнитивно оштетување.

Според „Харвад хелт“ (Harvard Health), додека го барате вистинскиот збор за редот или колоната, користите повеќе делови од Вашиот мозок. Тоа „Ве принудува да ги поврзете концептите што не сте ги замислиле заедно“, се вели во написот.

Сѐ тоа поттикнува поголеми области на кортексот да бидат активни и се создаваат нови врски во мозокот. Тогаш хипокампусот ќе ги помни тие нови врски, зајакнувајќи го така самиот мозок.

Поврзани содржини