ИГРАЧКИТЕ СО БАТЕРИИ И СВЕТЛЕЧКИ ЕФЕКТИ СЕ ШТЕТНИ ЗА РАЗВОЈОТ НА ДЕЦАТА Какви и колку играчки им се потребни на малите деца?

Колку е поедноставна играчката, толку е поголема шансата таа да го активира она што е потребно кај детето – имагинација и интерес. На овој начин, се совладуваат нови вештини што се потребни за играње, а кои претставуваат чекор во развојот.

28

Од гумени, дрвени, плишани, па сè до играчки што работат на батерии што пеат, играат, светат и се движат. Како да ги изберете најдобрите за вашето дете? И колку играчки треба да има вашето дете?

На децата не им требаат еден куп играчки. Напротив, на нивниот нервен систем му е потребна помалку стимулација за обработка.






Во една студија, малите деца на кои им биле дадени само неколку играчки играле подолго, покреативно и со подлабока концентрација од децата кои биле опкружени со голем број избори.

Нивниот нежен нервен систем всушност, моли за помалку избори, помалку визуелен шум, потивка соба за играње и побавно темпо.

Децата кои имаат многу играчки подоцна тешко играат без вклучен екран, велат „досадно ми е“ по 30 секунди, одат од играчка до играчка без воопшто да се заиграат.

Секако, пред сè е важно играчките што ги избирате да бидат безбедни за вашето дете и соодветни на возраста. Но, тоа не се единствените критериуми при изборот на играчки.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини