И ВО ДОБРО И ВО ЗЛО Заедно на патувања, возење велосипед, готвење ширден, заедно и под нож
„Во 2001 година ми беше дијагностициран автоимун хепатит и почеток на цироза на црн дроб. И покрај сите мои напори и здрав начин на живот, во 2012. се случи неизбежното, трансплантација на црн дроб. И погодете кој беше мој донор? Даме, се разбира. Тоа уште повеќе ја продлабочи нашата врска, сѐ што правиме, правиме заедно“, ја почна приказната за себе и за својот сопруг Тодорка, поубавата половина од парот кој го запознавме на неодамнешното патување на саемот за храна во Торино
Тодорка и Даме Димески ги запознавме како дел од делегацијата од прилепскиот конвивиум на Слоу фуд на салонот Тера Мадре во Торино.
Беа неразделни и како да им е постојано интересно токму така, заедно секаде и во сите активности. Да си рече човек, сигурно се некој новопечен вљубен пар кој сѐ уште немало време да доживее нешто лошо во текот на заедничкиот живот.
Таа правеше презентација на начинот на изработка на ширден, а тој ѝ преведуваше, не за друго, туку за да може таа да се сконцентрира на ширденот.
И овој прилепски специјалитет го испрезентираа мајсторски, дури толку добро што предизвикаа и човек што не јаде месо, да проба едно залче.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.