И ТОГАШ ГО ПРАШАВ КЛИНТОН А како би било Русија да влезе во НАТО? (ВИДЕО)
Нема да ги откријам сите детали од тој разговор, но реакцијата на моето прашање беше, да речеме, многу воздржана, а како навистина реагираа Американците на оваа можност, всушност може да се види од нивните практични чекори кон нашата земја, рече Путин во своето обраќање пред руската нација.
Рускиот претседател Владимир Путин во своето онлајн-обраќање кон руската нација во понеделникот призна дека во 2000 година го прашал Клинтон што би било ако Русија се приклучи во НАТО. Тој пред својот народ објасни и зошто Американците не ја сакаат Русија во Алијансата и зошто ја сметаат за непријател.
– Сега ќе го кажам нешто што никогаш не сум го кажал јавно – почна Путин.
– Во 2000 година, за време на посетата на Москва го прашав Бил Клинтон кој беше на крајот на мандатот: Како би се чувствувала Америка Русија да влезе во НАТО?
Путин рече дека реакцијата на Клинтон била „воздржана“:
– Нема да ги откријам сите детали од тој разговор, но реакцијата на моето прашање беше, да речеме, многу воздржана, а како навистина реагираа Американците на оваа можност, всушност може да се види од нивните практични чекори кон нашата земја. Овие чекори се отворена поддршка за терористите во Северен Кавказ, непочитување на нашите барања и безбедносни грижи во проширувањето на НАТО, повлекувањето од Договорот за ABM итн. – изјави рускиот претседател.
Потоа, шефот на Русија се осврна кон довербата меѓу Русија и САД.
– Човек едноставно си се прашува: зошто, зошто сето ова? Добро, не сакате да нè гледате како пријател и сојузник, но зошто да правите непријател од нас? Има само еден одговор: не се работи за нашиот политички режим, не се работи за нешто друго, едноставно на САД не им треба толку голема независна земја како Русија. Ова е одговорот на сите прашања. Ова е изворот на традиционалната американска политика кон Русија – објаснуваше Путин.
За првиот човек на Руската Федерација, ширењето на НАТО по 1999 година одело во „пет бранови“.
– Оттука и односот кон сите наши предлози од областа на безбедноста. Денес, само еден поглед на мапата е доволен за да се види како западните земји го „одржаа“ ветувањето дека ќе го спречат НАТО да се движи кон исток. Само не излажаа. Добивме пет бранови на проширување на НАТО еден по друг – истакна Путин и додаде:
– Во 1999 година, Полска, Чешка, Унгарија беа примени во Алијансата, во 2004 година – Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија, во 2009 година – Албанија и Хрватска, во 2017 година – Црна Гора, во 2020 година – Северна Македонија. Како резултат на тоа, Алијансата, нејзината воена инфраструктура дојде директно до границите на Русија. Ова стана една од клучните причини за европската безбедносна криза и имаше најнегативно влијание врз целиот систем на меѓународни односи и доведе до губење на меѓусебната доверба – рече првиот човек на Русија.
Путин се осврна и на антиракетниот штит кој НАТО го поставуваат во Полска и во Романија.
– Ситуацијата продолжува да се влошува, вклучително и во стратешката сфера. Така, во Романија и во Полска, како дел од американскиот проект за создавање на глобален систем за противракетна одбрана, се распоредуваат позициони области за противракетни проектили – заклучува тој.